Британската влада ќе испрати 20.000 војници да учествуваат во вежбите на НАТО „Одлучен бранител“ (Steadfast Defender), кои треба да почнат во првата половина на оваа година.

Во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада се нагласува дека распоредувањето на силите во рамките на „една од најголемите вежби од периодот на Студената војна“ опфаќа распоредување на 16 илјади војници во Источна Европа од февруари до јуни, како и тенкови, артилерија, хеликоптери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.