Во Романија стапија на сила построги правила поради зголемениот број случаи на коронавирус, кои вклучуваат обврска за носење хируршки или ФФП2 маски во затворени и отворени јавни простори.
Според новите правила, платнените маски се забранети. Големи казни до 500 евра се воведени за оние кои ќе продолжат да носат текстилни маски. Носењето хируршки маски или маски ФФП2 сега е задолжително за сите Романци над пет години, и внатре и на отворено.
Исто така, одлучено е баровите и рестораните да работат со капацитет од 50 или 30 отсто во зависност од стапката на зараза во нивната област, но дека ќе можат да примаат гости само со пропусници за Ковид. Истите правила важат за спортските објекти, теретантеи и кината.
Романија регистрираше помалку од 1.000 нови случаи на коронавирус во средината на декември, но бројот на заразени се искачи на околу 6.000 дневно во текот на изминатата недела. Скокот веројатно дојде како резултат на празничната сезона, кога многу Романци кои работат на Запад се враќаа дома.
– Земјата е веќе во петтиот бран на пандемијата, рече министерот за здравство Александру Рафила.
Досега во Романија се регистрирани 300 случаи на варијантата Омикрон, а Рафила рече дека „засега има спорадично пренесување”.
Оваа земја во моментов е втората најслабо вакцинирана земја-членка на ЕУ, во која само 40 проценти од нејзиното население се вакцинирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.