На социјалните мрежи е објавено видео од украинскиот напад со касетна муниција на преполна плажа во Севастопол на Крим.
Снимките направени од камерите за набудување на плажата го фатиле моментот на нападот извршен со американска ракета АТАКМС на 23 јуни. Снимката покажува како делови од балистичката ракета АТАКМС со касетна муниција паѓаат во водата, додека неколку фрагменти експлодираат и на плажата.
Во моментите на експлозијата, голем број туристи панично трчаат по плажата обидувајќи се да се скријат од експлозиите на подмуницијата.
Во нападот загинаа најмалку тројца цивили, а преку 100 луѓе, меѓу кои и деца, беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.