Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“.
Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините, напиша Трудо преку Твитер.
Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими бустер-дозата, за истиот месец да биде позитивен на тестот за Ковид-19.
Информацијата дека Трудо е позитивен на Ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.