Американскиот претседател Џозеф Бајден ги продолжи за една година итните мерки за Балканот, се вели во соодветниот декрет објавен од Белата куќа.

Актите на екстремистичко насилство и опструкционистички активности, како и ситуацијата на Западен Балкан што го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, се вели во документот.

Затоа, Бајден утврди дека е неопходно да се продолжат вонредните мерки кои се во сила, прогласени со Извршната наредба 13219 за Балканот.

Оригиналниот декрет за итни мерки поврзани со регионот, кој е во сила од 26 јуни 2001 година, беше донесен од тогашниот американски претседател Џорџ Буш според законот за справување со невообичаени и големи закани за националната безбедност и надворешната политика на САД. Регулативата подоцна беше продолжена во 2003 и 2021 година.

Таквите мерки може да се продолжуваат секоја година доколку претседателот објави известување во Федералниот регистар и поднесе известување до Конгресот во кое ќе се наведе дека ќе продолжи да се применува по датумот на годишнината, пренесе Блиц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.