Повеќе од 150.000 вработени во јавниот сектор во Канада штрајкуваат откако не постигнаа договор за платите со федералната влада што ќе влијае на поднесувањето даночни пријави и издавањето пасоши пред летната туристичка сезона.
Синдикатот на вработените во јавните служби соопшти дека преговорите со владата ќе продолжат.
Синдикатот, кој преговара за нов колективен договор од 2021 година, посочи дека тоа е најголемиот штрајк против еден работодавач во историјата на земјата.
Федералната влада соопшти дека дала „фер, конкурентна понуда до Синдикатот на вработените во јавните служби“, вклучително и зголемување на платите за 9 отсто во текот на три години, и дека ќе ги продолжи преговорите за брзо постигнување договор.
Вработените во јавните служби (120.000) првично побараа зголемување на платите за 30 проценти во текот на три години, а вработените во даночната администрација (35.000) за 13,5 проценти исто така во текот на три години.
Инфлацијата минатата година достигна 8,1 отсто, а во меѓувреме се намали за половина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.