Актерот и политичар Арнолд Шварценегер беше дел од тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол. Локалната полиција соопшти дека четири возила се судриле на раскрсница во Брентвуд во петокот попладне и дека едно лице е повредено.

На фотографиите од местото на настанот се гледа теренец кој се судрил со уште најмалку две возила, а на сликата се гледа и Шварценегер кој стои во близина. Неговиот портпарол потврди дека Шварценегер бил зад воланот на теренецот во моментот на несреќата.

image

Засега никој не е приведен, а полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол.

image

Според полицискиот извештај до кој дојде Си-Би-Ес, возачот на теренецот во близина на крстосницата меѓу булеварот Сансет и авенијата Аленфорд се судрил со црвен „приус“ кој во тој момент вртел,. Шварценегер поминал на црвено светло и свртел лево, по што „приусот“ се нашол под теренецот, а во судирот се оштетени уште две возила, од кои едното „порше“. Очевидци велат дека сцената изгледала „лудо“, како сцена од акционен филм.

image

Повредена е една жена, возач на „приусот“, која со возило на Брза помош е пренесена во болница, но не е во животна опасност. Таа наводно обилно крварела од расекотина на главата. Портпаролот на Шварценегер изјави дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со припадниците на итната помош и со повредената.

Полицијата започна истрага за околностите на несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.