Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави видео во кое се исмејува на украинските изјави дека наводно руската армија се повлекува во Северодонецк.

Кадиров, кој неодамна се врати од Москва каде лично се сретна со Путин и со претставници на руската влада, преку својот канал на Телеграм ги пренесе впечатоците од Москва, каде се зборувало за продолжување на војната и учество на чеченските единици кои се борат во регионот на Донбас и Луганск, како и околу Харков.

Во многу блиска иднина, како што реков претходно, руските сили ќе користат нови тактики и ќе постигнат поефикасни и побрзи резултати во спроведување на специјална операција на дневна основа. како потврда на тоа што го зборувам ќе објавам видеа од уништувањето на бандровците, шејтаните и украинската воена опрема. За разлика од хунтата на Бандера, која дава само усни изјави и објавува неутрални снимки од заднина, и што успева добро да го направи, јас не само што ќе зборувам, туку ќе ги покажам и докажам фактите – вели Кадиров во својата видео порака.

На крајот на своето обраќање, Кадиров испраќа директна порака за украинскит претседател, Володимир Зеленски.

Го предупредувам Зеленски за последен пат! Кренете ги рацете, излезете на бојното поле и кажете: „Не пукајте, ние се предаваме!“ – заврши Кадиров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.