Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, го одликува својот 15-годишен син Адам со титулата Херој на Чеченската Република.

Со големо задоволство му честитам на мојот драг внук Адам Рамзанович Кадиров за доделувањето на највисоката титула на Чеченската Република Херој на Чеченската Република, изјави Адам Делимханов, член на руската Државна дума и близок соработник на Кадиров.

Според Делимханов, Адам Кадиров е „пример за исклучително добро образована, добро развиена и решителна млада личност“ и ги истакна неговите достигнувања во боречките вештини и стрелаштвото.

Херој на Чеченската Република е највисоката државна награда во Чеченија, а указите за доделување ги потпишува шефот на Републиката, што всушност значи дека Рамзан Кадиров му ја доделил титулата на својот малолетен син.

Чеченскиот лидер неодамна објави видео на кое неговиот син Адам тепа 19-годишен затвореник, кој беше уапсен во мај за јавно палење на Куранот во Волгоград, а потоа беше префрлен во затвор во Чеченија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.