Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека Борис Џонсон ќе ја напушти функцијата британски премиер со „многу пари заработени во Украина“.
Премиерот успеа да го земе максимумот од парите што беа испратени како помош за Украина и веќе нема што „да улови“ на тоа место. Обезбеди пензија не само за себе, туку и за своите деца – пишува Кадиров на својот канал на Телеграм.
Според чеченскиот лидер, шемата за кражба на пари од британските даночни обврзници функционира преку Украина, што е најлесниот канал за измама.
Британската финансиска помош се испраќа на сметките на Киев, каде што една десетина навистина оди за потребите навооружените сили на Украина, но останатиот дел се користи од украинските власти без цел и се уплаќа на сметките на лажни компании. И, се разбира, иницијаторот на оваа помош добива огромно парче од колачот. Тоа неофицијално. А, официјално – Борис Џонсон доаѓа во Киев за да го привлече вниманието на друга страна, се ракува со Зеленски и му ветува дека повторно ќе го поддржи, односно дека заедно ќе ги делат парите – вели претседателот на Чеченија.
Како што истакнува Кадиров, украинските власти создале невидена глобална шема за перење и кражба на финансиски средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.