Jужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека Јужна Кореја построго ќе го контролира извозот во Русија, со забрана за извезување стратешки артикли. На тој начин, земјата ќе им се придружи на западните земји во потезите да исклучат некои руски банки од меѓународниот систем за плаќање СВИФТ.
Истовремено Јужна Кореја одлучи и да промовира дополнително ослободување стратешки резерви на нафта за стабилизација на меѓународните енергетски пазари, како и да се преиспитаат и други мерки, како на пример, препродажба на ЛНГ во Европа.
Владата ја осуди руската вооружена инвазија на Украина и како одговорен член на меѓународната заедница, одлучи активно да учествува во напорите на меѓународните заедници, вклучувајќи економски санкции, за мирно решавање на состојбата – се наведува во соопштението.
Меѓу тоа што ќе се контролира, влегуваат и залихите на електроника, полупроводници, компјутери, информации и комуникации, сензори и ласери, навигација и авионика и опрема за бродови и авијација.
Министерството додава дека ќе ја зголеми хуманитарната помош за Украина, појаснувајќи дека за своите одлуки, службено ја известило американската Влада преку дипломатски канали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.