Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да им нареди на Израелците да престанат со нападите.

Поднесокот на Јужна Африка тврди дека израелските „дејства и неактивности… имаат геноциден карактер“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.

Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа.

Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.