Јапонската економија слабее и може да влезе во рецесија.

Земјата во првиот годинешен квартал забележал  намалување на економските активности, а во април се удвоил трговскиот дефицит што укажува на слабеење на третата според обемот економија во светот. Намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал изнесувало 0,2 отсто во однос на претходното тримесечје.

Јапонската економија се намалила во првото годинешно тримесечје по ануализираната стапка од 1,0 отсто, покажаа податоците на владата.

Податоците покажуваат дека личната потрошувачка, којашто сочинува повеќе од половина од активностите во стопанството е скоро непроменета, а економистите очекуваа намалување од 0,5 отсто.

Откако почна пандемијата, повеќе земји во светот беа во рецесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.