Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, додека Токио ги заострува санкциите поради руската инвазија на Украина, објави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Кишида рече дека Јапонија додава олигарси на листата на санкции како дел од заедничките напори на САД и европските земји и дека со тој чекор ќе се замрзне имотот на Путин и на највисоките функционери во неговата влада.

Тој додаде дека Јапонија исто така исклучува седум руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ.

„Руската инвазија е едностран обид насилно да се промени статус квото и да се разнишаат темелите на меѓународниот поредок, не само во Европа и Азија“, рече Кишида.

Јапонија, која сака да ја врати контролата врз некои острови контролирани од Русија, што ги спречува двете земји да потпишат мировен договор со кој формално би завршиле нивните непријателства во Втората светска војна, претходно не сакаше да воведе строги санкции кон Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.