Израелскиот министер за одбрана, Израел Галант, во разговор со првиот човек на Пентагон, Лојд Остин, изјавил дека „Израел нема друг избор освен да го возвратиме ударот на Иран“.
Галант во телефонски разговор му рекол на Остин дека Израел не може да дозволи балистички ракети да бидат истрелани на негова територија без да има одговор, соопштуваат американски официјални лица и извор информиран за повикот.
Галант додал дека Израел нема да прифати однос во кој Иран одговара со директен напад секогаш кога Израел напаѓа цели во Сирија.
Сепак, Остин ја истакнал потребата да се направи се што е можно за да се избегне понатамошна ескалација, повикувајќи се на неодамнешните зборови на американскиот претседател Џо Бајден до израелската влада.
Победивте. Прифатете ја победата“, му порачал Бајден на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи дека САД нема да учествуваат во ниту еден израелски напад против Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.