Во најтешките моменти за нивната земја, израелските граѓани кои живеат во странство не бегаат од војната дома, туку се одвива сосема спротивна ситуација.

Од Атина до Њујорк, тие брзаат на аеродромите и се обидуваат некако да дојдат во Израел, после најголемиот напад на Хамас за последните 50 години. Некои се враќаат за да бидат мобилизирани, за да учествуваат во одбрана на земјата, некои веројатно таму живеат и сакаат да бидат дома, без оглед на тешката ситуација.

Во Грција стотина луѓе чекале со часови да се качат на вонредните летови на аеродромот во Атина. Патувањата се покажаа како предизвикувачки, бидејќи големите авиокомпании ги суспендираа летовите во и од Израел. Некои резервисти во САД- дом на преку 140.000 луѓе родени во Израел, се обидуваат да дојдат до чартер летови.

Многу од Израелците во странство, како што пишува АП, копнеат да служат, покрај тоа што војната до сега однесе најмалку 1.8000 животи, додека кризата не покажува знаци на скор крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.