Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека борбени авиони и хеликоптери во текот на ноќта нападнале цели во Појасот Газа, вклучително и тунели, командни центри и складишта за оружје.

Милитанти на Хамас беа таргетирани и убиени со дрон на ИДФ што дејствуваше во насока на копнените трупи, соопштија од ИДФ.

Во соопштението се додава дека израелските поморски трупи нападнале цели на Хамас, вклучително и инфраструктура и бродови на Хамас.

Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека погодиле повеќе од 400 цели низ Газа во првите 24 часа по прекинот на еднонеделното примирје со Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.