Израелски доселеници, под заштита на полициските сили, упаднале во дворот на џамијата Ал Акса.

Очевидци изјавиле дека десетици доселеници влегле во Ал Акса од портата Магариба, ги посетиле дворовите на верското здание и изведувале талмудски ритуали, пренесе палестионската агенција ВАФА.

Израелската полиција, стационирана пред портите на Стариот град и џамијата Ал Акса, исто така, спречила влез на палестински граѓани, поради што бројот на верниците се намалува четврти месец по ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.