Израелската армија соопшти дека во текот на изминатиот ден извршила напади врз повеќе од 100 цели на палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

Цели на нападите извршени од воздушни, поморски и копнени сили биле командните центри на Хамас, локациите за лансирање, магацините за оружје и друга инфраструктура на палестинските милитанти, се наведува во соопштението на израелската армија, пренесува „Џерусалим пост“.

Армијата додава дека во јужниот дел на Газа, во областа Кан Јунис, пронашла неколку локации за лансирање кои биле користени за истрелување проектили кон Израел.

Израелската војска, исто така, соопшти дека беспилотно летало управувано од израелските сили „следело терористичка ќелија и дека, откако ја потврдиле идентификацијата на целите, силите му дале инструкции на борбен авион на израелското воздухопловство да ја нападне зградата во која се наоѓала ќелијата“ и дека, како што е наведено, „терористите биле убиени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.