Израелската армија соопшти дека од почетокот на војната пред еден месец уништила вкупно 130 тунели на палестинската група Хамас на територијата на Појасот Газа, јави ДПА.
„Залихите на вода и боци со кислород во тунелите се доказ за плановите на групата за подолг престој“, се вели во соопштението.
Израелците тврдат дека има комплексна мрежа од тунели во песочната почва на Појасот Газа, која е долга само околу 45 километри, широка меѓу 6 и 14 километри во неговите различни делови и има население од над два милиона луѓе.
Некои од тунелите се електрифицирани. Во просек, тие се високи два и широки еден метар, но некои се доволно големи за да можат да минуваат возила. Некои одат десетици метри под земја за да го издржат израелското воздушно бомбардирање.
Нивните влезови, како што се наведува, се во станбени згради или џамии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.