Израелската армија повторно ги повика цивилите да го напуштат Појасот Газа и да се упатат кон југ.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе дозволат сообраќај на патот кон јужниот дел на Појасот Газа во периодот од девет до 13 часот по средноевропско време, напиша портпаролот на израелската војска на платформата X, порано Твитер.
Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства и одете на југ, напиша портпаролот на израелската армиј.
Армијата објави и мапа на која е прикажан коридорот за евакуација.
ИДФ неколкупати упати повик до цивилите да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа. Според процените на израелската армија досега енклавата ја напуштиле 700.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.