Израелските одбранбени сили (ИДФ), на своите официјални социјални мрежи објавија видео на кое се гледа првиот човек на Хамас, Јахја Синвар, личност на израелската „листа за отстрел“.

Во кратко видео, ИДФ прикажа делови од говорите на Синвар во кои се споменува борбата на Хамас против Израел.

Убиец баран од израелските безбедносни служби. Јахја Синвар е лидер на Хамас во Газа. Синвар е против дипломатските врски со Израел. За него геноцидот е единственото решение. Идеологијата на Хамас ги одразува намерите на ИСИЛ и Ал Каеда. Синвар активно работеше на бројни напади на територијата на Израел, соопшти ИДФ.

Пред неколку дена портпаролот на израелската армија зборуваше за Синвар и рече дека ИДФ има специјална задача да го убие Синвар.

„Како де факто владетел на Газа, Синвар е највисокиот функционер на Хамас во Газа. Тој е најмоќниот лидер од Исмаил Ханије, а ја презеде функцијата во 2017 година“, пишува Бизнис инсајдер.

Во 2015 година, американскиот Стејт департмент го прогласи Синвар за терорист.

Израелските власти, и во опозицијата и во власта, го опишаа Синвар како „новото лице на злото“.

“Тој човек ни е на нишан. Тој е мртов човек кој оди, а ние ќе стигнеме до него. Тој ја изгради својата кариера на убивање Палестинци кога сфати дека тие се колаборационисти. Така стана познат како месарот на Кан Јунис”, изјави за Њујорк Тајмс потполковник Ричард Хехт од израелската армија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.