Израелската армија вечерва соопшти дека извршила воздушни напади врз две високи згради во Појасот Газа што ги користел исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во палестинската територија.

Терористичката организација Хамас намерно ја става својата воена опрема во срцето на цивилното население во Појасот Газа“, соопшти армијата.

Како што се наведува, станарите биле однапред предупредени и побарано било да се евакуираат пред ударот.

Хамас се закани дека ќе истрела ракети кон Тел Авив како одмазда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.