Официјален Тел Авив соопшти дека нема да дозволи користење на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ во Газа, откако милијардерот Илон Маск даде таков предлог, јави ДПА.
Маск порача дека сателитскиот комуникациски систем на неговата компанија „Спејс Икс“ може да помогне во обновувањето на комуникациската мрежа на Газа, која е целосно нарушена од израелските бомбардирања.
Хамас ќе го користи за терористички активности. Можеби Маск би сакал да го поврзе со ослободување на нашите киднапирани бебиња, синови, ќерки, постари лица, изјави израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи во објава на платформата „X“.
Маск нагласи дека системот за сателитски комуникации ќе помогне да се обноват нарушените комуникации за меѓународно признатите хуманитарни организации кои работат во Газа, каде што комуникациите беа прекинати откако Израел ја прошири својата копнена офанзива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.