Израелските воздухопловни сили извршиле нов напад на сириска територија. Целта на овој напад била зграда во Дамаск веднаш до иранската амбасада во Сирија, која била дел од конзуларниот објект.

Според првичните информации, најмалку шест лица загинале. Овој напад може да има сериозни последици и да се смета како директен напад на иранска територија.

Сепак, според познавачите на случувањата на Блискиот Исток, иранскиот одговор нема да има форма на директен напад врз Израел, туку Иран ќе продолжи да ја вооружува оската на отпорот против израелските сили во регионот.

Во врска со израелскиот напад во Дамаск, „Ројтерс“ објави дека еден од загинатите во израелскиот напад бил високиот командант на иранската Револуционерна гарда – ИРГЦ, Мохамад Реза Захеди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.