Арапски неименуван претставник за израелската новинска агенција ТПС изјави дека израелските и саудиските власти сакаат да ги нормализираат односите меѓу двете земји и се подготвени да ги продолжат мировните напори онаму каде што застанаа на 7 октомври, како и да бараат Хамас да го напушти Појасот Газа.

– Но, мировните напори се спречени од војната, што значително ќе влијае на иднината на Газа, истакна неименуваниот арапски извор.

– Најдоброто сценарио за кое земјите од Персиски Залив (главно Саудиска Арабија) веруваат дека ќе се одигра е создавање на сосема нов палестински ентитет, кој ќе го контролира Појасот Газа и ќе стане целосно демилитаризиран појас и ќе биде предмет на основни и нови безбедносни аранжмани во координација со Египет, изјави тој.

Според него сценариото вклучува и учество на Саудиска Арабија и арапските земји, кои се важни за обновата на Појасот Газа.

Додека според неименуван израелски политичар „не треба да се исклучи вмешаноста на Саудиска Арабија дури и во администрацијата на Појасот Газа следниот ден по војната“.

Постигнувањето на каква било заедничка визија, сепак, ќе биде комплицирано. Од една страна, Ријад тврди дека војната мора да заврши за да продолжат преговорите за нормализирање на ситуацијата. Од друга страна, Ерусалим пред крајот на конфликтот сака да знае каква би била улогата на Саудиска Арабија во повоената Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.