Израелските власти соопштија дека при напад врз Појасот Газа уништен е штабот на директорот на разузнавањето на Хамас.

Израелските воздухопловни сили објавија дека нивните воени авиони погодиле „комплекс кој припаѓа на директорот на одделот за разузнавање на терористичката организација Хамас“.

Израелските авиони гаѓаа голем број цели во Појасот Газа откако Хамас вчера изврши масовен напад врз Израел.

Според палестинските власти при израелските напади загинале 232 лица, а речиси 1.700 се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.