Израел ја повлече акредитацијата за осум норвешки дипломати кои работеа како претставници на Палестинската управа, што шефот на норвешката дипломатија го опиша како „екстремен чин“.

Неговиот израелски колега, Израел Кац, изјави дека одлуката е донесена како одговор на антиизраелското однесување на Норвешка, вклучувајќи го и признавањето на палестинската држава.

Кац додаде дека „Норвешка води еднострана политика во однос на палестинското прашање и затоа ќе биде отстранета од палестинското прашање“.

Норвешка ја обвинува владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за дипломатскиот спор и сега размислува како да одговори на новонастанатата ситуација. Ова е екстремен чин кој првенствено влијае на нашата способност да му помогнеме на палестинското население… Денешната одлука ќе има последици за нашиот однос со владата на Нетанјаху“, изјави норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде.

Во 1990-тите Норвешка помогна во постигнувањето на Договорот од Осло, што требаше да воспостави мир меѓу Израелците и Палестинците.

Норвешка претседава со меѓународната донаторска група за Палестинците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.