Италија смета дека меѓународното право мора да се почитува, но користи дипломатија за да се избегне воведување нови санкции кон Русија. Ова денеска го изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо по разговорите во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров, пренесува Ројтерс.

– Сите работиме за дипломатско решение на кризата, а тоа значи избегнување на сите видови санкции, рече тој на прес-конференција. Италија ја гледа Русија како дел од европскиот безбедносен дијалог и ги користи историски добрите односи меѓу двете земји за да го изгради тој дијалог.

Ди Мајо потврди дека по разговорите со Лавров, а претходно и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, бил убеден дека „двете земји се подготвени да бараат дипломатско решение”.

Тој, исто така, рече дека разговара за датум за посета на премиерот Марио Драги на Москва и се надева дека таа ќе биде организирана што е можно поскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.