Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, истакна дека Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, затоа што во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу.

Во интервју за „Кориере дела сера“, Кросето истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.