Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека мирот не значи потчинување, зборувајќи за напорите за завршување на конфликтот во Украина. Оваа изјава Матарела ја даде за време на заедничката прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Нашата желба е да се стави крај на неразумните руски дејства во Украина, но мирот не значи потчинување, ниту игнорирање на принципите за зачувување на достоинството на секоја држава и на меѓународното право,потенцираше Матарела.

Штајнмајер најави дека заедно со Матарела в недела ќе присуствуваат на комеморацијата во Марцабото во чест на жртвите на нацистичкото масовно убиство за време на Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.