Исламска држава преку соопштение ги повика членовите да ги интензивираат нападите ширум светот, а посебно во Европа, каде фокусот во моментот е на војната во Украина.
Портпаролот на ИД, Абу Омар ал-Муџахир изјави дека припадниците на групата подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот водач на Абу Ибрахим ал Кураиши, а одмаздата пред се значи интензивирање на нападите.
Поддржувачите на ИД треба да ја искористат можноста кога крстоносците се борат меѓу себе во Украина и извршат напади во Европа, истакна ал Муџахир.
Тој се осврна и на актуелната ситуација во Израел и конфликтите меѓу припадниците на израелската армија и полиција и Палестинците.
Ерусалим може да се ослободи од Евреите само со враќање на калифатот, а не со палестинското востание или со помош на оние кои имаат вредности што се менуваат во согласност со интересите на нивните западни господари, посочи ал Муџахир.
Тој ги повика сите муслимани во арапскиот свет да се спротивстават на лидерите кои имаат добри односи со Израел.
Современите муслимански политичари кои се обидуваат да го ослободат Ерусалим не се ништо друго туку марионети во рацете на Израел и Западот, наведе ал Муџахир во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.