Како што руската офанзива се интензивира во Украина, портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, во програмата „Политички прашања“ на Франс Инфо и Франс Интер, изјави дека Франција ја исклучува можноста од испраќање француски војници во Украина, јави дописникот на МИА.
Тој, меѓутоа, нагласи дека земјата веќе им дава материјална поддршка на Украинците.
Испорачавме оружје, продолжуваме да испорачуваме и ќе ги зголемиме нашите испораки. Претседателот Зеленски достави многу јасен список на опрема што му е потребна и ние реагираме на тоа, рече Атал.
На прашањето дали може да се каже дека Франција е во војна, портпаролот на владата, исто така, кажа „нашата земја не е во војна, туку таа е покрај една земја, Украина, која војува со Русија“.
Таа ја придружува, ја поддржува, во хуманитарни прашања, во одбранбена опрема, исто така е мобилизирана да постигне прекин на огнот и да се реши овој конфликт, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.