Иранскиот претседател, Ибрахим Раиси, од утре до 24 април ќе престојува во официјална посета на Пакистан, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Како што јавуваат агенциите, целта на посетата е зајакнување на односите меѓу Исламабад и Техеран.

Во соопштението на пакистанското министерство се вели дека за време на посетата, Раиси ќе се сретне со највисоките пакистански функционери, вклучително и претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф, претседателот на Сенатот и претседателот на Националното собрание.

Тие ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања и билатералната соработка за борба против заедничката закана од тероризам“, велат од пакистанското министерство.

По неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, Исламабад ги повика сите страни на Блискиот Исток да „покажат воздржаност и да се свртат кон деескалација“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.