Иранскиот претседател Ибрахим Раиси денеска изјави дека ја поддржува „легитимната одбрана на палестинската нација“, наведувајќи дека „ционистичкиот режим и неговите поддржувачи се одговорни за нестабилноста во регионот“.
Али Шамхани, политички советник на врховниот лидер на Иран, на социјалната платформа Х рече дека нападот на Хамас е „решителна, единствена и ефикасна“ операција која е легитимна одбрана.
„Палестинскиот отпор е зрело и независно движење чија моќ произлегува од широката јавна поддршка“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.