Иранските власти вчера и денеска наредија прво речиси целосно затворање на земјата поради рекордните температури на воздухот. Два дена се затворени банките, училиштата, универзитетите, јавните канцеларии и некои приватни компании. Во многу региони од почетокот на јули регистрирани се рекордни температури, а во јужниот дел од земјата измерени се над 50 степени Целзиусови.
Со оглед на рекордните температури и за да го заштити јавното здравје, Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство да се прогласат среда и четврток за државни празници низ целата земја, напиша на Твитер владиниот портпарол Али Бахадори Јахроми.
Дводневното затворање е поврзано и со недостиг на електрична енергија во земјата. Иранскиот дневен весник „Пајаме Ма“, повикувајќи се на „добро информиран извор“ во своето издание од 1 август објави дека „покрај порастот на температурите, одлуката за затворање на земјата се должи и на падот на производството на електрична енергија.
Весникот објави дека двете електрани, Карун 3 и 4, лоцирани во западен Иран, беа исклучени од мрежата поради многу голема побарувачка, особено како резултат на зголемената употреба на климатизација.
Во Иран, лошата состојба на дотраената и неисправна инфраструктура доведе до чести исклучувања на електраните, особено оваа година. Во Техеран и другите градови во земјата од јуни се забележани прекини на струја и вода, понекогаш и по 10 часа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.