Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти ирачката служба за национална безбедност.
Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД.
Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.