Годишната стапка на инфлација во Турција во септември се зголеми на 61,5%, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

Августовската инфлација во оваа земја изнесуваше 58,9%,

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, во септември најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, рестораните и кафулињата – за 92,4%, како и во секторот образование – 80,9% и во здравствениот сектор – 79,8%.

Најмалку се зголемени трошоците за домување – за 20,1%, облеката и обувките за 32,5%, како и во областа на комуникациите – за 46,6%.

На месечно ниво цените се зголемени за 4,75 отсто во однос на август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.