Стапката на инфлација во Еврозоната се зголемила на 7,5 отсто во април, достигнувајќи ново највисоко ниво откако „Еуростат“ почна да објавува податоци во 1996 година, поттикната од континуираните силни цени на енергијата и зголемувањето на цените на храната.
Во март, инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) изнесува 7,4 отсто. Стапката на инфлација во последниот месец пораснала многу повеќе отколку во претходниот месец, кога во однос на февруари пораснала за цели 1,5 процентни поени.
Најголемо поскапување кај енергенсите
Во април најмногу поскапеле енергенсите, за 38 отсто во однос на истиот месец лани. Скокот, сепак, е нешто поблаг отколку во март, кога пораснаа за 44,4 отсто.
Порастот на цените на енергенсите се забрза по руската воена акција во Украина и санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија. Ситуацијата дополнително ја влоши конфликтот околу новиот механизам за плаќање пропишан од Русија. ЕУ разговара за воведување ембарго на руската нафта, а некои земји бараат забрана за увоз на руски гас.
Зголемување на цените на храната
Поттик на инфлацијата во април е растот на цената на свежата храна – за 9,2 отсто, посилен во однос на март, кога нејзините цени пораснаа за 7,8 отсто, покажуваат пресметките на „Еуростат“. И Русија и Украина се важни извозници на клучни земјоделски суровини.
Без цените на свежата храна и енергијата, инфлацијата во Еврозоната во април била 3,9 отсто, што е за 0,7 процентни поени повеќе од март. Меѓу земјите од Еврозоната, потрошувачките цени во април најмногу пораснале на Балтикот, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба.
Цените се зголемиле за 19 отсто во Естонија, 16,6 отсто во Литванија и 13,2 отсто во Летонија. Двоцифрени стапки на раст се забележани и во Холандија и Словачка од 11,2 односно 10,9 отсто. Малта има најниска стапка на раст во април, од 4,9 отсто, се вели во извештајот на „Евростат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.