Една мала ИТ компанија во индискиот град Индоре смислила необичен начин да се погрижи нејзините вработени да одржуваат здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот – со инсталирање софтвер кој ќе ги потсети кога нивната смена ќе заврши и дека е време да си одат дома.
Софтверот на „Softgrid Computers“ е опремен со систем за известување кој почнува кога ќе заврши смената на вработениот, предупредувајќи ги дека „системот ќе се исклучи за 10 минути“ и повикува „Ве молиме одете дома“.
Компанијата се одлучила за оваа мерка врз основа на се поголем број студии кои ги докажуваат штетните ефекти од долгите работни часови врз физичкото здравје и меѓучовечките односи на вработените ширум светот.
Светската здравствена организација, на пример, уште во 2021 година предупреди дека работата 55 или повеќе часа неделно го зголемува ризикот од мозочен удар за 35 отсто, а ризикот од смрт од срцеви заболувања за 17 отсто.
Целта на оваа мерка е да им обезбеди на вработените добар баланс помеѓу работата и приватниот живот за да можат да поминуваат време со своите семејства и најблиските“, нагласува извршниот директор Ајај Голани.
Предупредувањето со скокачки ефекти на екранот предизвика големо внимание на социјалните мрежи кога Танви Ханделвал, еден од вработените во компанијата, сподели видео од предупредувањето на својот профил на „ЛинкедИн“.
Тие ни го поставија овој специјален потсетник, кој ја заклучува работната површина по часови и издава предупредување. Нема повеќе повици и е-пошта надвор од работното време!! Зарем ова не е фантастично?“, напиша Ханделвол.
Критика Дубеј, една од 40-те вработени во компанијата, за Ројтерс вели дека мерката ѝ помогнала да ја напушти работата навреме и да стигне да ги заврши домашните обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.