Индија го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници – млад човек од јужната држава Керала. Починала 22-годишен Индиец, а владата изолираше 21 лице кои стапиле во контакт со него.
Тоа е прв фателен исход од болеста во Азија. Минатата недела, Шпанија објави за два смртни случаи поврзани со мајмуни сипаници, а Бразил еден.
Светската здравствена организација на 23 јули ја прогласи епидемијата за глобална здравствена вонредна состојба.
Министерката за здравство на Керала, Веена Џорџ, изјави дека семејството на заразеното лице им кажало на властите дека младиот човек бил позитивно тестиран во Обединетите Арапски Емирати пред да се врати во Индија.
Федералното министерство за здравство на Индија нема коментар за смртта на младиот човек, освен што наведе дека владата формирала работна група за следење на случаите на мајмунски сипаници во земјата, каде локалните медиуми објавија за најмалку пет случаи.
Светската здравствена организација на крајот на јули соопшти дека 78 земји пријавиле повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници, главно во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.