Полицијата веднаш го совладала и привела мажот кој фрлил шише во насока на колоната.

Непознатиот маж утрово ја нападнал колоната на претседателот на САД, Џо Бајден во Брисел. Инцидентот, кој го забележале камерите, се случил во околу 9:40 часот.

Полицијата веднаш го совладала и привела мажот кој фрлил шише во насока на колоната. Како што се наведува, напаѓачот бил во алкохолизирана состојба.

Мажот кој беше во алкохолизирана состојба го фрли шишето кон колоната на претседателот на САД, Џозеф Бајден. Успеавме да го сопреме шишето пред ударот“, навел портпаролот на полицијата.

Поради посетата на Бајден жителите на Брисел биле предупредени дека ќе се применуваат вонредни безбедносни мерки, построги од оние кои се вообичаени за самите лидери на ЕУ или други светски службеници, вклучувајќи ги и највисоките државници на Кина и Русија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.