Околу 3.500 руски државјани во Летонија неделава ќе бидат известени од миграциските власти дека мора да ја напуштат земјата.
Владиниот орган соопшти дека се работи за лица кои не поднеле документи за продолжување на дозволата за постојан престој или не се пријавиле за испитот по летонски јазик до 1 септември. Во соопштението се додава дека тие мора да ја напуштат Летонија до 30 ноември.
Амандманот на законот усвоен од парламентот во 2022 година ги заостри правилата за престој на руските граѓани во Летонија како одговор на војната во Украина.
За да продолжат да живеат легално во Летонија, руските граѓани мора да аплицираат за статус на постојан престој и во повеќето случаи да докажат дека добро го владеат летонскиот јазик.
Летонија има околу 1,9 милиони жители и се граничи со Русија. Во балтичката земја живее големо руско малцинство, од кои повеќето се мигранти од советската ера и нивни потомци.
Во земјата избувна жестока дебата за новите правила, кои засегаат околу 20.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.