Илјадници палестински работници се вратија во блокираниот Појас Газа откако беа депортирани од Израел, јавува Анадолија.
Како што пренесува агенцијата, неименуван безбедносен извор од граничниот премин Керм Абу Салим на југот на Појасот Газа изјави дека работниците депортирани од Израел и окупираниот Западен Брег се вратиле во Газа.
Палестинските работници пристигнаа во Газа пеш откако израелските сили ги оставиле два километри подалеку од граничниот премин.
Работниците стигнале до градот Рафа во Газа, а израелските власти им ги конфискувале сите пари и мобилни телефони, наведува Анадолија.
Израел вчера соопшти дека ги укинува работните дозволи за околу 18.000 Палестинци од Газа.
Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста е околу 50 отсто, а работните места во Израел се исклучително барани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.