Илјадници луѓе маршираа во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, против убиствата на жени и насилството врз жените.

Демонстрациите беа организирани од движењето „Ниту една жена помалку“. (Ni Una Menos).

МАршот се одржа во центарот на главниот град. Демонстрантите стигнаа до Националниот конгрес, каде што присутните запалија свеќи во спомен на жртвите на насилство.

Учесниците во поворката поставија плакати со пароли „Сакаме да останеме живи“, а други покажаа фотографии од убини жени.

Според Женската служба на Врховниот суд на Аргентина, минатата година во земјата во просек биле регистрирани по едно убиство на жена на секои 35 часа, а 81 отсто од убиените биле класифицирани како жртви на семејно насилство.

Ноќва аргентинскиот Парламент беше осветлен во розово, во знак на солидарност со жртвите на семејно насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.