Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го повтори апелот за прекин на конфликтот во Украина и продолжување на преговорите, како и за непречен пристап до хуманитарна помош.

Го повторувам мојот повик за итен прекин на насилството, за непречен пристап до хуманитарна помош за сите на кои им е потребна, за безбедна евакуација на цивилите заробени во борбените области и за итна заштита на населението и почитување на човековите права во согласност со меѓународните норми – порача Гутереш.

Тој нагласи дека овој дека конфликт однел илјадници животи и поради него се раселени милиони луѓе, како и дека војната резултирала со неприфатливо кршење на човековите права и поттикнала тродимензионална глобална криза во храна, енергија и финансии, што најмногу ги погодува ранливите луѓе, земји и економии.

Гутереш, исто така, порача дека ОН се „посветени на хуманитарните напори“ и дека на крајот ќе бидат неопходни преговори и дијалог за решавање на конфликтот.

Колку побрзо страните се вклучат во дипломатски напори и добра волја да се стави крај на оваа војна, толку подобро за Украина, Русија и светот – истакна генералниот секретар на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.