Компанијата „Икеа“ објави дека ќе ги продаде фабриките, ќе ги затвори канцелариите и ќе го намали бројот на вработени во Русија и Белорусија, како резултат на руската воена операција во Украина.
Околностите не се подобрија, а разорната војна продолжува. Бизнисите и синџирите на снабдување во светот се силно погодени и не гледаме дека е можно да се продолжи со работа во скоро време – се вели во соопштението на „Икеа“.
Од комапнијата додаваат дека малопродажниот бизнис на „Икеа“ во Русија и Белорусија ќе биде запрен, а работната сила драстично ќе се редуцира, што значи дека „ќе бидат погодени многу соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.