Кахраманмараш е град во јужна Турција, со околу 385 илјади жители, кој стана познат во светската јавноста како еден од најпогодените во серијата земјотреси во регионот на турско-сириската граница, од кои двата најсилни беа со 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Таквите потреси претворија големи делови од градот во купишта урнатини од здробен бетон, околу кои има спасувачки екипи и градежна механизација, коишто се обидуваат да ги расчистат, како и локални жители кои беспомошно гледаат во што се претворени нивните домови.

Истовремено, движејќи се по улиците на градот, може да се забележи „играта на судбината“, па така, веднаш покрај целосно уништените згради стојат зданија коишто делуваат нечепнати од потресот или на кои има само минимални пукнатини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.