Кралицата Елизабета е позитивна на Ковид-19, соопшти Бакингемската палата.

Британската кралица има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, соопшти палатата.

– Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства, се додава во соопштението.

Кралицата (95) била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот.

Би-Би-Си јави дека голем број луѓе биле позитивни на Ковид-19 во замокот Виндзор, каде што живее кралицата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.