Норвешка ќе ги врати воените хеликоптери NH90 што ги нарача од француската компанија NH Industries, бидејќи тие се или проблематични или доцна доставени, изјавија министерот за одбрана и командант на армијата.

Владата, исто така, соопшти дека ќе бара враќање на 523 милиони долари плус камати и други трошоци од NH Industries, која е во сопственост на Airbus Helicopters, италијански Leonardo и Fokker Aerostructures од Холандија.

Без разлика на тоа колку часови работат нашите техничари и колку делови ќе нарачаме, тоа никогаш нема да овозможи NH90 да ги исполнат барањата на норвешките вооружени сили“, рече министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам на прес-конференција.

Договор за 14 хеликоптери беше потпишан во 2001 година, но Норвешка доби само осум, соопшти Министерството.

„Имаме хеликоптер кој не работи како што треба“, изјави генералот Ејрик Кристоферсен, командант на норвешките вооружени сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.